Вести
Има интерес за вакцинација против сезонски грип во Куманово
Кумановци се заинтересирани за вакцинација против сезонски грип, дневно на двата пункта, според податоците на центарот за јавно здравје се вакцинираат по 140 лица, информираа денеска од јавната здравствена установа. Бесплатната вакцинација се закажува на термин и наменета е за постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, со нарушен имунитет, здравствени работници, бремени жени, деца.
ВИДЕО
Др. Јадранка Стаменковска, епидемиологот од Центарот за јавно здравје
-Оние коишто не можат да се вакцинираат преку „Мој термин“, можат да се јават и во кумановскиот центар и да се вакцинираат со комерцијални вакцини. Годинава, набавени се 400, а за по „Мој термин“ има на располагање 1.500 вакцини. Доколку има интерес ќе се набави дополнителна количина, изјави епидемиологот од Центарот за јавно здравје, д-р Јадранка Стаменковска.
Вакцината како и лани е од холандско производство, штити од очекуваните соеви на грип за северната хемисфера дури до јули 2023-та година.
-Од свое лично и искуство на лицата кои со години се вакцинираат, вакцината штити не 100 проценти, но во најголем процент и да се заболи сè поминува со лесна клиничка слика, на ниво на обична настинка. Ама нема тешки компликации како што и грипот знае да направи, особено на долните дишни патишта. Наредните две-три недели се стекнува имунитетот. Од нус ефекти, искуството покажува само локална незначителна болка, црвенило во пределот на раката, во поретки случаи блага температура, појаснува Стаменковска.
Епидемиолозите препорачуваат да се вакцинираат и оние кои постојано се изложени на контакти со граѓани, шалтерски работници. Лани, поради превентивни мерки за заштита од Ковид 19 немаше појава на грип и засега нема пријава на случаи на грип. Лекарите советуваат оние кои постојано се изложени на контакти да носат маска.
Од кумановскиот центар за јавно здравје инфорираа дека вакцината против сезонски грип се прима во просториите на ЦЈЗ, додека вакцина против ковид 19 во амбулантата „Тоде Мендол“.
Оние кои сакаат да се вакцинираат и со вакцина против сезонски и против Ковид 19 можат да се вакцинираат непречено според препораките на светска здравствена заштита









