Вести
Во недела ќе се одбележи 110 годишнина од битката на Зебрњак
Владата на Република Србија за негувањето на традицијата за осободителните војни на Србија, како и Амбасадата на Републикa Србијa во Македонија, во недела , 23 октомври, со почеток во 12 часот на споменикот Зебрњак во Куманово ќе ја одбележи 110 годишнината од Кумановската битка.
Во името на Владата на Србија државната делегација ќе ја предводи проф. д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, министерка за работа, вработување, воени и социјални прашања. Таа ќе одаде почит положувајќи цвеќе.
Се повикуваат заинтересираните граѓани да присуствуваат на одбележувањето.








