Вести
Трибина во Куманово за препознавање и заштита од трговија со луѓе, младите преку социјалните мрежи лесно стануваат жртви
Ученици од основни и средни училишта од Куманово, се информираа како да се заштитат и да препознаат форми на трговија со луѓе на трибина која ја организираше општинска организација на Црвен крст Куманово по повод Европски ден на борба против трговија со луѓе. Ваквите превентивни активности имаат за цел да ја подигнат свеста кај јавноста за превенција и борба против трговијата со луѓе. Присутните имаа можност да се запознаат што претставува трговија со луѓе, како се дефинира, како младите стануваат жртви на трговија со луѓе, како и за видови и начини на функционирање на ланецот на трговија со луѓе.
Струните предавачи велат дека во услови на криза од кој било вид можат само да ги зголемат ризиците од трговија со луѓе и дека најдоброто што може да го направат сите, вклучувајќи ги семејствата, училиштата, системот е е добро да ги информираат младите, да работата на подигањето на јавната свест и веднаш да пријават каков било сомнеж.
-Лице, семејство кога ќе влезе во нашиот центар ние ги гледаме симптомите и индикаторите кои би можеле да ни дадат знак дека се случува нешто во семејството, посебно кога станува збор за трговија со луѓе, особено кај деца. Посебно со присилните малолетнички бракови, како и децата на улица, оние што питачат, рече социјален работник од Центарот за социјални работи, Даниела Младеновска Спасовски.
Со неа се сложува и поранешниот судија, Јулијана Гаревска која вели дека е потребно меѓусекторско, интериснтитуционално решавање на проблемот во зачетокот.
-Треба да има една соработка да се изготвуваат извештаи за деца, да се види каква е неговата психофизичка состојба, какви се неговите семејни услови во коишто живее, за да можеме ние да дојдеме до некој заклучок од каде тоа дете се нашло жртва на некој вид кривично дело, вели Гаревска.
Во моментов најголем предизвик е заштитата на младите кои можат лесно да станат жртви на трговија со луѓе преку социјалните мрежи. Кризите се дополнителен предизвик за жртвите на трговија со луѓе.
-Тој процент се ваквите активности можеби и се намалуваат, меѓутоа движењата во светот и сѐ она што се случува е реална можност овие бројки за жал да се зголемуваат, нагласи Виолета Богдановска, општински совет за превенција на детско престапништво.









