Вести

Свињите во Љубодраг во радиус од три километри мора нештетно да се уништат како би се спречило ширењето на Африканска чума, жителите револтирани со блокада на патот ги чуваат свињите

Свињите во Љубодраг во радиус од три километри мора нештетно да се уништат како би се спречило ширењето на Африканска чума, жителите револтирани со блокада на патот ги чуваат свињите

Жители на селата Љубодраг, Умин Дол и Ново Село денес со трактори и земјоделска механизација го блокираа регионалниот пат Куманово- Скопје, во знак на револт по најавата дека сите свињи во село Љубодраг ќе бидат нештетно уништени.

Пред еден месец во овој регион беше регистрирано болеста Африканска чума по што болните свињи беа уништени. Во понеделник жителите на селото биле информирани дека сите свињи мора нештетно да се уништат во селото. Во знак на револт денеска со блокада не им дозволија на службите да дојдат во селото.

– Денеска се собравме тука да изразиме револт против одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство за уништување на нашите свињи. Пред еден месец ги проверија нашите свињи , само кај едно одгледувалиште беше регистрирана африканска чума , а сега велат дека мора сите свињи да ги уништат во село Љубодраг.
Никој не не информира како ќе бидеме обештетени, немаме ниту решение добиено и бараме од надлежните да дојдат и да разговараме да ни објаснат зошто сакаат да ни ги уништат свињите, вели Бобан Лазиќ, претседател на месната заедница во село Љубодраг.

– Во Умин Дол нема регистрирано Африканска чума, но тоа не значи дека утре од Агенцијата за храна и ветеринарство нема да дадат наредба да ги уништат и нашите свињи , вели Љубиша Митровски од Умин Дол.


Митровски вели дека свињите се нивната егзистенција , а сега сакаат да го уништат сточарството во селото.

Жителка на село Љубодраг вели дека биле повикани во ветеринарната станица и од нив било побарано да потпишат изјава дека свињите им биле позитивни, а резултатите добиени по испитување на болеста кај свињите, негативни. Таа вели дека изјавата не ја потпишала, по што побарала да и дадат решение дека свињите се негативни.

– Морав да колам свиња, мајка на мали единаесет прасиња од три килограми, нека дојдат да ги видат сега малите прасиња, со болниот сопруг сами ги чувавме свињите, а сега сакаат да ни ги уништат во солзи зборува жителка на Љубодраг.
– Нека дојда сега и да ни кажат зошто сакаат да ни ги уништат свињите, а не да доаѓаат само за избори кога им требаат гласови, додава таа.

– Во петокот велат дека можеме да ги колеме свињите, а во понеделник ни кажаа дека ќе дојдат да ни ги уништат свињите. Од Африканска чума свињите умираат, а во наше село нема умрено ниту една свиња, вели жител на Љубодраг кои најавуваат порадикални мерки со кои нема да дозволат да им ги уништат свињите.

Жителите на трите села најавија и порадикални мерки за заштита на свињите, а надлежните велат дека со законските обврски во радиус од три километри мора да се уништат сите свињи бидејќи во селото Љубодраг е евидентирано жариште на Африканска чума кај свињите.

Директорот на ветеринарно сточарскиот центар Тодор Велков од Куманово, Зоран Пешевски вели дека ветеринарната станица е само извршител на ветеринарните работи на територија на Општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Тој потврди дека се донесени решенија од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство по кои мора да постапат. За секоја нештетно уништена свиња сопствениците ќе добијат обештетување, а од страна на ветеринарниот центар одгледувачите ќе бидат едуцирани за во иднина како да продолжат со одгледување на свињи.

– По констатирање на свинската болест африкаска чума издадено е решение од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и ние како вршители ја извршуваме работата. Не носиме одлуки, туку ги извршуваме одлуките за кои сме задолжени од Агенцијата за храна и ветеринарство. Првиот интерес е да се зачува здравјето на луѓето и можноста да не се прошири болеста во пошироки региони. За сето тоа одлуки носи соодветното тело во Агенцијата , а ние само постапуваме по таа одлука. , вели Пешевски.

– Донесени се решенија но не од ветеринарно сточарски центар туку од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и ние по тие решенија треба да постапиме во согласност со луѓето кои имаат животни во тоа село. Доколку од АХВ наредат таква мерка ние сме должни да одиме да ја извршиме работата, бидејќи имаме концесии и договори. Ние сме тие кои треба да помогнат во спречување на заразната болест, а работиме по наредба на горе претпоставените стручниот тим од АХВ, во соработка со професорите од Ветаринарскиот факултет.
Директорот на ветеринарниот центар вели дека дел од инспекторите биле на лице место во село Љубодраг.

– Во селото, во секој двор е дадено решение за потпишување. Нормално дека сега ние сме здружени и со луѓето кои чуваат животни и со АХВ. Ние сме тука како посредници и треба да бидеме секогаш во интерес на здравјето на животните, луѓето да соработуваме со двете страни. Ние ги повржуваме и ги знаеме сите фарми каде се чуваат животни, да ги поврземе инспекцискиот тим со сточарите.

Radio Bum

October 19th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *