Вести
Стојчевски:По препораките на владата за штедење базенот ќе биде затворен до април наредната година, парите ќе се искористат за приоритетни потреби
ЈП Чистота и зеленило само ги следи првично препораките на владата за рестрикција и штедење во енергенси и непродуктивни трошоци, а претставниците на СДСМ нека се разјаснат со Владата дали е потребно или не во овие моменти да се штеди или пак можеби според нив е подобро средствата да се потрошат за финансирање на работењето на градскиот базен, а училиштата да останат без средства за затоплување и нормално функционирање. Поради енормното покачување на цената на енергенсите електрична енергија и гас и до 10 пати, средствата кои што се потребни на јавното претпријатие да се одржува базенот во нормална функција на месечно ниво можат да достигнат и до 6 милиони денари или на годишно ниво повеќе од 1 милион евра, што значи околу 15% од вкупниот оперативен буџет на Општината да се издвојува за нормална функција на градскиот базен, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП Чистоа и зеленило на денешната прес конференција.
– Ме чуди елементарното непознавање на материјата поврзана со работењето на Општината од страна на советниците на СДСМ коишто се власт во оваа општина повеќе од 30 години, а воедно и најголем број од нив во континуитет се повторуваат. Се повикуваат на нивен предлог кој што не бил прифатен од страна на мнозинството во Советот за решавање на проблемите на Градскиот базен, односно во ребалансот да се стават дополнителни 3 милиони денари со кои би се помогнало на јавното претпријатие Чистота и зеленило кое што стопанисува по одлука на Советот со Градскиот и отворен и затворен базен.
Поради енормното покачување на цената на енергенсите електрична енергија и гас и до 10 пати, средствата кои што се потребни на јавното претпријатие да се одржува базенот во нормална функција на месечно ниво можат да достигнат и до 6 милиони денари или на годишно ниво повеќе од 1 милион евра, што значи околу 15% од вкупниот оперативен буџет на Општината да се издвојува за нормална функција на градскиот базен.
Тоа би значело дека Општина Куманово би требала да ги намали капиталните инвестиции коишто и во овој момент се незадоволувачки за 15% и да се откаже од изградба на нови патишти, канализации, спортски терени и друга инфраструктура.
Поради тоа овој предлог е неиздржан и ЈП Чистота и зеленило само ги следи првично препораките на владата за рестрикција и штедење во енергенси и непродуктивни трошоци, а претставниците на СДСМ нека се разјаснат со Владата дали е потребно или не во овие моменти да се штеди или пак можеби според нив е подобро средствата да се потрошат за финансирање на работењето на градскиот базен, а училиштата да останат без средства за затоплување и нормално функционирање.
Во интерес на јавноста сакам да истакнам дека базенот е отворен 2016 година, за негова изградба е потрошено од буџетот на Oпштина Kуманово 4,5 милиони евра и Куманово за тие пари требаше да добие целосен модерен енергетско ефикасен базен, а не објект кој што сеуште не е довршен, со голем број на пропусти во изградба како во градежниот така и во техничкиот дел. Поради тоа Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски во јули 2019 година поднесе тужба против надзорот и изведувачот на градежните активности за надомест на штета поради пропусти во работа и изведба во износ околу 2 милиони евра. Ова судска постапка е во тек пред надлежниот Суд во Куманово и се очекува нејзин епилог. Во 2016 година од страна на Советот, а по предлог на тогашниот Градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски базенот е ставен под залог кон УЈП за неплатени обврски на ЈП Чистота и зеленило, односно неплатено ДДВ за период од 2003 до 2005 година и истиот е сеуште под хипотека.
Нека објасни зошто тогашното мнозинство во Советот предводено од СДСМ и тогашниот претседател на совет Александар Арсиќ донело една ваква одлука со залог да го оптерети имотот на Општината, што воедно е и прв ваков случај во историјата на Куманово.
Здружението за Наше Куманово и нашите политики, на чело со Градоначалникот Максим Димитриевски успешно менаџира со Општината и со јавните претпријатија, а за успехот примерите во пракса се многу евидентни.
Ги раздолживме сите долгови на Општината кои беа енормни над 11 милиони евра. Во фаза сме на раздолжување на јавните претпријатија и долгови кои ги немаме создадено ние и горди сме на фактот дека Општина Куманово располага со повеќе од 3,5 милиони евра, сите обврски на Општината кон сите добавувачи до овој момент се платени, а се резултат на стратешко планирање, домаќинско, чесно и одговорно работење. Овие средства прагматично ќе ги инвестираме во нови инфраструктурни проекти кои што се во интерес на граѓаните на Општина Куманово, а не за покривање на загуби на погрешно и непрописно реализирани проекти во минатото кои што ги имаме наследено.
Како и да е, како и минатата година така и оваа година, базенот времено ќе запре со работа и повторно ќе биде ставен во функција за јавна употреба од месец Април 2023 година по примерот на останатите затворени базени во државата. Доколку претставниците на СДСМ се искрено загрижени за функционирање на овој објект нека обезбедат дополнителни финансиски средства преку Владата каде што се носители на власт и во истиот момент базенот ќе биде отворен.
Во меѓувреме Општина Куманово на една од следните седници на Советот ќе излезе со конкретен предлог за делумно решавање на проблемот со енергетско напојување на овој објект и негов начин на негово менаџирање, изјави Стојчевски.








