Вести

Има доволни количини на крв во оделот за трансфузиона медицина во Куманово

Има доволни количини на крв во оделот за трансфузиона медицина во Куманово

Нема недостиг на крв во Куманово, информираат од трансфузиолошката служба.

– Состојбата е под контрола, немаме недостаток на крв, акциите беа поради празниците.Имаме доволни количини и резерви на крв, изјави д-р Дритон Биљали, специјалист по трансузина медицина, од трансфузиолошката служба.

Тој појаснува дека кумановската служба е под ингеренции на Институтот од Скопје и во кој било случај, иако тоа досега не се случило при недостаток на крв, ќе се бара помош од централната служба.

– Сега по пандемијата, состојбата е стабилизирана. Има редовни крводарителски акции, крв даруваат и ученици и студенти кои за време на пандемијата следеа онлајн настава, се вратија сите традиционални акции кои ги организираат установи, институции, здруженија на граѓани, фирми.Крводарителите редовно даруваат во нашата служба во Куманово, во зависно од месецот бројката се движи од 150 до 200 дарители.

Сите заинтересирани лица, здрави личности, можат да дојдат да даруваат крв. Треба да немаат здравствени проблеми, од кога ќе почнат да даруваат крв им следуваат одредени бенефити, вели Биљали.

Ако крводарителите се во работен однос им следуваат од два до три слободни денови, зависно од службата, крводарителите имаат бесплатни контроли, бидејќи при дарувањето и верификацијата се испитуваат заразни болести. После десетото дарување ослободени се од партиципации.

– Со крводарителите работиме секој понеделник и четврток, вели Биљали.

Тој вели дека најважна е сатисфакцијата од дарувањето, знаењето дека некому е спасен живот, дека му е подобрена состојбата. Дарувањето е привилегија на здравите луѓе и една од највисоките изрази на хуманост.

Radio Bum

October 18th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *