Вести
Здружението на армиски и полициски ветерани го исчистија споменик на НОБ во Белановце
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, упати благодарност до членовите на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав – ЗАПВАРС Куманово, кои на сопствена иницијатива и со помош на месното население го посетија и исчистија локалитетот „Воденица“ во село Белановце во Општина Липково на планината Карадак, каде што се наоѓа споменикот подигнат во чест на борците од НОБ кои на 14 Октомври 1941 година во борба со бугарскиот фашистички окупатор ги положија своите животи.
-Армиските и полициски ветерани од активен и резервен состав го исчистија локалитетот и положија свежо цвеќе во чест на паднатите херои. Боро Менков – Командант на одредот, Перо Георгиевски Чичо, Бајрам Шабани, Магдалена Антова, Киро Бурназовски Мумурузница, Аритон Димковски Тонко и Наце Ивановски Буѓони, Вечна им слава на паднатите борци!“, потенцира Димитриевски.









