Вести

Театар Куманово освои три награди за изведба на претставата „Малата сирена“ на Детскиот театарски фестивал „Малиот принц“ во Штип

Театар Куманово освои три награди за изведба на претставата „Малата сирена“ на Детскиот театарски фестивал „Малиот принц“ во Штип

Театар Куманово освои три награди на Детскиот театарски фестивал „Малиот принц“ во Штип, за изведба на претставата „Малата сирена“ , информираа на прес-конференција од кумановскиот театар.

Никица Јановски ја доби награда за најдобар актер, Кети Пауновска Стефковска за костимографија, а за сценографија награда ја доби Крсто Богојевски.

Како што информира директорот на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски, претставата е направена пред четири години и сѐ уште се игра и за неа има голем интерес. Во конкуренција од 7 театарски претстави ,,Малата сирена,, доби три награди.

– Навистина бевме изненади вчера кога ни јавија дека сме добитници на три награди. Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои учествуваа во оваа театарска претстава на целата екипа, младите луѓе кои им дадовме шанса да бидат дел од оваа театарска претстава и навистина ја оправдаа довербата. Оваа претстава ќе биде уште на реперотарот на Театар Куманово и ќе се игра, рече Тодоровски на денешната прес конференција.

Младиот актер Никица Јанковски вели дека оваа е негова прва награда и дека е заслуга и на неговите колеги со кои заедно ја играат претставата.

– За наградата особено се радувам бидејќи ова ми е прва награда, актер на вечера. Наградата само ми е мотивација да продолжам и понатаму да го правам она што го сакам, да градам улоги и ликови. Имавме еден прекрасен процес и на мојата улога Ушко во Малата сирена. Имав колеги кои даваат се од себе кога се на сцена, тоа не е само во оваа туку во сите претстави на Театар Куманово. Со оваа приказна израснав, ликот на Ушко ми беше омилен, сакам да се заблагодарам на Театар Штип што ме избраа само мене, но ова не е само моја награда, туку на сите мои колеги кои се дел од претставата како и публиката која постојано не мотивира да даваме се од себе. Морам да ги споменам Александра Михајловска, којашто е мој партнер на сцена, Марко Трајковиќ, Анастасија Величковиќ, која е во алтернација на Сања Русеска и Владанка Димковска, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички, Кети Дончевска Илиќ. Се надевам дека ќе има уште многу вакви успешни претстави и ќе ни давате поддршка како публика- изјави Јанковски.

Костимографката Кети Пауновска Стефковска вели дека оваа е нејзина прва претстава на која работела и прва награда која ја има освоено.

Сценографот Крсто Богојевски вели дека е предизвик да се работи на детска претстава и дека наградата е голема мотивација.

Radio Bum

October 13th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *