Вести
Владата потврди, „Лидл“ идентификувал локација во Куманово
Познатиот интернационален ланец на супермаркети „Лидл“ интензивно работи на подготовките за отпочнување ефективна работа во нашата земја, истакнаа од Владата по средба на менаџментот на компанијата со премиерот, Димитар Ковачевски.
„Лидл“ веќе има идентификувано потенцијална локација за својот логистички центар, на земјиште кое е околу 200.000 м2 и се наоѓа во Општина Куманово. Инвестицијата само во логистичкиот центар е околу 80 милиони евра и вклучува намера да се обезбедат повеќе од 150 вработувања. Во оваа фаза на подготовка, „Лидл“ веќе истражува различни начини за поддршка на локалните производители. Компанијата организираше извоз на македонски земјоделски производи во мрежата „Лидл“ во соседните земји.
Претходно градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски информираше дека се во интензивни преговори со оваа компанија, за отворање на центар во индустриската зона Новине и Речица.








