Вести

Предупредување за внимателно движење во близина на градилиштата на железничката делница Куманово- Бељаковце

Предупредување за внимателно движење во близина на градилиштата на железничката делница Куманово- Бељаковце

Општина Куманово пренесе информација до медиумите од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“ дека продолжува реализацијата на проектот „Реконструкција и изградба на Железнички коридор 8, делница Куманово – Бељаковце“.

Како што информираат од јавното претпријатие, мобилизирањето на градилиштата и подготвителните работи се во тек, наскоро се очекуваат интензивни градежни активности и се повикува на разбирање и внимателно движење на граѓаните во близина на градилиштата.

– Се апелира на разбирање и толеранција на промените кои ќе настанат во опкружувањето и поголема внимателност при движење во близина на градилиштата, се наведува во соопштението, испратено до медиумите.

Изведувач на градежните работи е „Штрабаг“ од Австрија, а надзорот ќе го врши „ИРД Инженеринг“ од Италија. Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“ континуирано ќе ја известува јавноста за напредокот на проектот и ќе биде во комуникација со сите засегнати страни, се додава во соопштението.

Radio Bum

October 13th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *