Вести

Започна реконструкција на фасадата на ,,Уред”

Започна реконструкција на фасадата на ,,Уред”

Почна реконструкцијата на фасадата на детскиот диспанзер од Здравствен дом Куманово, соопштија надлежните од јавната здравствена установа. Градежните активности веќе се отпочнати.

– Почна првиот дел од проектот за реконструкција на детскиот диспанзер, централна зграда попозната како уред. Првиот дел опфаќа поставување на нова термо-енергетска фасада, ќе следи внатрешна санација на дизспанзерот, прозорци, врати, подови. Се надеваме дека ќе има подобри услови за пружање здравствена нега на децата нашите најмали пациенти и на вработени, изјави директорот на Здравствен дом Куманово, Фарук Алили.

Претходно, во Здравствениот дом ја санираше терасата на диспанзерот која поради дотраеност, протекуваше. Надворешниот дел од вкупната фасада на големиот објект до два метри висина ќе биде покриен со фасада, но повисоките катови ќе чекаат реконструкција за идната година.

– За реконструкцијата одвоени се околу пет милини денари. Тука влегува и санацијата на зградата на Итна Помош, и дел од амбуланта „Тоде Мендол“ кои се сосема различни објекти сместени на две различни локации, најави директорот

Во амбулантата „Тоде Мендол“ беше саниран покривот, таму веќе се обезбедни усслови за почеток на нови фази од реконструкцијата, за вториот и третиот кат. Во објектот каде е сместена Итна Помош веќе сменети се прозорците, има греење на топлинска пумпа.

– Ние сме меѓу првите здравствени институции кои сменија систем на греење, таму е предвидена реконструкција на подот, покривот, вратата, целосно нова внатрешна реконструкција, изјави директорот.

Зградата на Здравствен дом Куманово, позната како уред, првично е граден 1953-та година, потоа целосната зграда е доградена во средината на 70-тите години од минатиот век.

На фасадата на детскиот диспанзер предвидено да биде исцртан мурал кој дополнително ќе придонесе за естетиката на зградата, лоцирана во строгото централно градско подрачје.

Radio Bum

October 12th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *