Вести

Високите сметки за струја закана за опстанок на занаетчискиот сектор

Високите сметки за струја закана за опстанок на занаетчискиот сектор

Покачувањето на сметките за струја удри директно и врз малите и микробизниси, во чија категорија спаѓаат и паушално оданочени занаетчии.

Високите сметки за струја ги исклучија светлата на излозите, помош се бара од регионалната занаетчиска комора од каде до владата се испратени две барања за помош на овој занаетчиски бизнис сектор, информираа од регионалната занаетчиската комора на Македонија.

– Првото наше барање е занаетчиите, паушално оданочени, да не се карактеризираат во категорија на индустриски потрошувачи. За да можат да опстанат додека трае кризата да плаќаат струја како за домаќинства. Второто барање е 50 проценти на електричната енергија да биде субвенционирана, вели Агрон Фазлии, претседател на регионалната занаетчиска комора.

Тој вели ако Владата не им помогне голем број од занаетчиите ќе мора да ги затворат своите бизниси, каде сами или семејно работат чесно и заработуваат за живот.

-Паушалните оданочени занаетчии се околу 6.000 лица во нашата држава, а нив државата да ги третира како домаќинства, бидејќи во моментов плаќаат струја како да се индустрија, а тоа им создава големи проблеми. Во просторија од 15 квадрати кои се во слободен пазар плаќаат по 40 илјади денари, а за помали сметки ги исклучуваат и светлата на излозите. Секојднево доаѓаат во регионалните комори и бараат да се затворат, затоа што не можат да ја платат струјата. Бараме помош за да бидат ликвидни, да работат и да не ги губат работните места каде има семејни бизниси, вели Фазлији.

Radio Bum

October 10th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *