Вести

Нема 6 000  денари помош за пензионерите со ниски примања во Куманово, некој ги дезинформирал пензионерите

Нема 6 000 денари помош за пензионерите со ниски примања во Куманово, некој ги дезинформирал пензионерите

Пензионерите од Куманово во изминатите неколку дена во Управата за јавни приходи бараат увереније дека немаат приходи повисоки од 14 000 денари, велат дека документот им е потребен да аплицираат за помош од општина Куманово, со која наводно ќе добијат 6 000 денари.

Од општината негираат дека имало било каква информација од нивна страна дека на пензионерите со ниски примања ќе им следува помош од 6 000 денари.

Здружението на пензионери Куманово и одделението за социјална заштита од општина Куманово ја демантираа информацијата дека на пензионери со ниски примања им следува помош во износ од 6.000 денари, изјавија на денешната прес-конференција надлежните. Кумановските пензионери секојдневно прашуваат и во општина Куманово и во здружението кои документи се потребни за да им се даде наводна еднократна парична помош која воопшто не е предвидена за оваа категорија граѓани од опшинскиот буџет во овој момент.

– Ние забележавме турканици, пензионерите доаѓаат, прашуваат што им е потребно да користат парична помош. Тоа не е вистина. Засега нема најава дека ќе има помош за оваа категорија граѓани. Претпоставувам дека слушнале дека ќе има антикризни мерки или слично како за стопанство, така и за граѓани. Но мора да ги повикам дека во овој момент нема такво нешто, изјави претседателот на здружението на кумановските пензионери, Благе Јакимовски.

Раководителот на одделението за социјална заштита, Александар Крстевски рече дека Куманово одвојува еднократна парична помош, но само за некои состојби пожар, некоја елементарна непогода, но не и за пензионери.

– Еднократна парична помош од буџетот на општината се дава на лица семејства од социјален ризик заради зголемена потреба од подолго лекување, оперативен зафат, поради смрт во семејства од социјален ризик поради долготрајно лекување во државава или странство, лица или семејства на кои им се неопходна помош во износ од 15.000 денари, утврдени врз основа на приложена документација, по извршен увид од комисија, се изглегува на терен, се врши категоризација, по што следува одговор. За пензионерите има мерка за субвенциониран градски превоз за оние со пензија од 13.000 денари, изјави Крстевски.

Radio Bum

October 7th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *