Вести

Од полноќ , дизелот поскапува за 3 денари

Од полноќ , дизелот поскапува за 3 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59 % во однос на одлуката од 5.10.2022 година.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 3,00 денари/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,50 денара/л. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,024 денар/л и сега ќе изнесува 51,252 денар/кг. Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат.

Од 8.10.2022 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 89,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 97,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 94,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 51,252 (денар/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 8.10.2022 година.Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, информираат од регулаторната.

Radio Bum

October 7th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *