Вести

Почна изградба на канализациска мрежа во Проевце

Почна изградба на канализациска мрежа во Проевце

Почна изградбата на фекална канализација на улицата од село Проевце кон градот Куманово, информират надлежните од одделението за комунални дејности. Жителите на ова населено место досега немаа мрежа и бараа изградба за да се решат нивните основни инфраструктурни потреби.

– Канализациската мрежа ја гради скопската компанија друштво за производство, промет, градежништво, транспорт и услуги „КОП-ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. За изградба на мрежата одвоени се 3.388.259 денари со вклучен данок на додадена вредност. Механизацијата веќе е на терен, активностите се во тек, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Проевце е на само два километри до градот, непосредно до урбаната средина. Жителите со години бараа поставување на мрежа и решавање на основни инфраструктурни прашања.

Radio Bum

October 5th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *