Вести

Во Умин Дол, Ново Село и Љубодраг е регистрирана појава на африканска чума кај свињите

Во Умин Дол, Ново Село и Љубодраг е регистрирана појава на африканска чума кај свињите

Во одгледувалиштата во кумановските села Умин Дол, Ново Село и Љубодраг е регистрирана појава на африканска чума, соопшти општинскиот штаб за заштита и спасување, кој заседаваше заради појава на свинската болест.

Штабот ги информира граѓаните дека свинската болест не е штетна за човекот и други животни кои, пак, се потенцијални преносители.

„Забрана за движење и промет на свињи, вонреден попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи на одгледувалиштата во рок од седум дена, се мерките кои се однесуваат за селата Умин Дол, Ново Село и Љубодраг во Општина Куманово“, се наведува во соопштението.

Ветеринарните друштва ќе извршат и клинички преглед во одгледувалиштата со земање на примероци (полна крв) за вирусолошко испитување од свињите во секое одгледувалиште, воведена е забрана за колење на свињите во домашни услови, сè до добивање на негативен резултат.

Штабот им препорача на одгледувачите на свињи, кои гравитираат на целата територија на Општина Куманово, да ги следат препораките на надлежните институции и да се придржуваат до истите.

Radio Bum

October 4th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *