Вести
Третман против глодари во Општина Куманово
Општина Куманово ќе спроведе уште еден третман против глодари, соопштија надлежните.
-На 5, 6 и 7 октомври годинава (среда, четврток и петок) на територија на Општина Куманово ќе се изврши дератизација (третман против глодари). Третманот ќе се изврши со поставување на мамки во отворите од шахтите на постоечката канализациската мрежа, информираа од општината.
Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период поради неповолни временски услови, ќе биде одложен за наредниот ден, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани.
-Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамки, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат, посочија од општината.