Вести

Презентиран планот за воведување пешачка зона

Презентиран планот за воведување пешачка зона

Се одржа првата работна средба за нацрт планот и стратегијата за воведување пешачка зона и зона на смирен сообраќај во Општина Куманово. Надлежните од Секторот за урбанизам информираат дека било презентирано дел од досега сработеното пред претставниците на внатрешните членови од општинските сектори.

-Проектот пешачка зона е еден проект. Паралелно со него се нарачани проекти за зони на смирен сообраќај, тоа се десет посебни изработени основни проекти на ниво на основни проекти ќе бидат доставени. Зоните на смирен сообраќај ќе бидат околу сите училишта во градот, централното и поширокото градско подрачје основни и средни училишта и градинки-истакна Емилија Сларидис Јаневска, раководителка на Сектор за урбанизам при Општина Куманово.

Пешачката зона, предлогот на консултантите и тие што го изработуваат е во Куманово да се одвива во три фази. Истата е со временски период на спроведување од две до десет години.

-Најпрвин мора самите да се навикнеме дека треба да ги оставиме автомобилите и да пешачиме, тоа ќе биде прва фаза каде ќе имаме најмало затворање на дел од централното градско подрачје. Да се навикнат луѓето дека треба да пешачат. Потоа ќе одиме со втора фаза на малку поголем опфат, и на крај кога ќе биде тоа прифатено од јавноста, ќе се спроведе и третата фаза-вели Сларидис- Јаневска.

Пешачката зона и зоните на смирен сообраќај се дел од донесениот План за одржлива урбана мобилност.

Radio Bum

October 3rd, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *