Вести

Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии

Во тек е етапната исплата на септемвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 29.9.2022 година (четврток) почнува етапната исплата на пензиите за септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.9.2022 година (четврток);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.9.2022 година (петок);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 3.10.2022 година (понеделник), и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 4.10.2022 година (вторник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 септември (четврток).

Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Radio Bum

September 29th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *