Вести

Се бараат мајка и ќерка од Куманово, семејството очајно бара помош

Се бараат мајка и ќерка од Куманово, семејството очајно бара помош

Семејството, роднините и пријателите месец дена ги бараат исчезнатите мајка и ќерка од кумановската населба „Бавчи“. Денеска до медиумите се обрати и советникот Самет Салиевски кој побара каква било информација од граѓаните за 32 годишната Сабина Сабединовска и нејзината седумгодишна ќерка, Елиф. Тој ги повика граѓаните доколку имаат каква било информација да се јават на 071/ 329-068 или во најблиската полициска станица.

Секторот за внатрешни работи Куманово информираше дека на 9 септември годинава во 14:30 часот во СВР Куманово И.Н.(59) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата внука С.С.(32), која со себе ја повела и нејзината малолетна ќерка. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Салиевски ја пренесе и информацијата на семејството на Сабина дека таа била жртва на семејно насилство од страна на невенчаниот сопруг, а тие имале и снимки од насилството.

-Тој е проблематична личност и има проблеми со законот, а работел како овчар во село Доброшане, но откако сопственикот забележал дека агресивно се однесува кон семејството и ги малтретира физички ги избркал, вели Салииевски, кој апелира до МВР активно да се вклучат во потрагата на мајката и детето.

Од МВР потврдуваат дека ги бараат мајката и ќерката, како и дека е распишана потерница по невенчаниот сопруг кој се бара за сторено кривично дело.

Дежурниот обвинител од Куманово усно е информиран за настанот, велат од Основно јавно обвинителство Куманово.

Radio Bum

September 28th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *