Вести
Голем интерес од публиката за меѓународниот театарски фестивал ,, Денови на комедија”
Кумановската публика покажа голем интерес за претстојниот меѓународен фестивал на театарска комедија „Денови на комедија“, откако денеска беа пуштени во продажба билетите.
Река на луѓе чекаа на ред да си купат билети за претставите на фестивалот кој ќе се одржи од 28.09 – 14.10.2022 година во Центарот за култура во Куманово.
Годинава на фестивалот ќе се играат дванаесет комедии од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија.
Организаторите, за прв пат го ограничија и купувањето на билети, по реакциите на публиката која не можеше да дојде до билети за претставите. За една претстава, сега може да се купат по два билети, а цената е 200 денари информираат од Центарот за култура во Куманово.









