Вести
За агресивно однесување кон полициски службеници приведен татко и син
Полицијата во Куманово привела татко и син за агресивно однесување кон полициски службеници . Според информациите на СВР Куманово на 22.09.2022, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле М.Ц.(35) од Куманово и неговиот малолетен син затоа што во 20.40 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ М.Ц. се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, додека неговиот малолетен син физички нападнал полициски службеник.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.








