Вести
Разбојници фатени на дело во куќа во Долно Којнаре
Разбојници се фатени на дело во куќа во Долно Којнаре, информираат од полицијата. Вчера вечер во 23.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.В.(41) и М.Д.(34), двајцата од Куманово.
Тие биле затекнати при извршување „разбојничка кражба“ во домот на И.П.(62) во с.Долно Којнаре. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицата биле приведени и задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.








