Вести
Повредени пешаци на „Октомвриска“ и „Ѓорче Петров“
Две сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден во кои жртви се дваица пешаци. Како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи првиот пешак потешко бил повреден на „Октомвриска револуција“ , незгодата се случила по 09 часот.
По незгодата веднаш интервенирала Итната помош, по што пешакот по укажана помош веднаш бил префрлен во Ургентен Центар во Куманово на понатамошно лекување.
Втората незгода се случила на улицата Ѓорче Петров. И во овој случај пешак се здобил со тешка телесна повреда ( фрактура на потколеница) и веднаш е префрлен ва Ургентен Центар Куманово.








