Вести
Се реконструираат улиците „Жикица Јовановиќ Шпанац“ и „Васил Антевски Дрен“ во Куманово
Општина Куманово ги реконструира улиците „Жикица Јовановиќ Шпанац“ и „Васил Антевски Дрен“, информираат од одделнието за комунални дејности. Градежните машини и екипи на избраната компанија се на терен и во моментов се гребе асфалтот.
Првата улица ќе се санира во должина од 160 метри, ќе се постави нов асфалтен слој од 960 метри, за што од општинскиот буџет одвоени се 877.000 денари. Втората улица ќе се санира во должина од 150 метри, ќе се постави асфалт на површина од 750 метри квадратни. Од буџетот се одвоени 763.000 денари.
– Улиците се обновуваат, очекуваме подобро услови за движење на пешаците. Поради дотраеност на асфалтот, се преземаат мерки за реконструкција. Очекуваме наскоро да бидат завршени, изјави помошникот раководителот на одделението, Момчило Јовановски.