Вести

Општина Куманово објави оглас за набавка на огревно дрво за подрачните училишта

Општина Куманово објави оглас за набавка на огревно дрво за подрачните училишта

Општина Куманово набавува огревни дрва за потребите на подрачни училишта. Како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки за набавка на букови и дабови огревни дрва за потребите на основните и средните училишта кои се под нејзина надлежност и ТППЕ од Општина Куманово за грејна сезона 2022/2023, заинтересираните можат да се пријават до 14 октомври. Огласот е објавен вчера. Економските оператори, покрај општите документи треба да достават и потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

На огревни дрва во Куманово ќе се затоплуваат подрачните и училиштата сместени во селата „Карпош“ во Умин Дол, „Вук Караџиќ“ Куманово, „Кирил и Методиј“ во Романовце, „Наце Буѓони“ во Куманово, „Браќа Миладиновци“, Куманово, „Наим Фрашери“ „11 Октомври“, „Христијан Карпош“, „Бајрам Шабани“, „Кочо Рацин“ во Куманово, музичкото „Панче Пешев“, „Браќа Рибар“ во Табановце и „Вера Которка“ во Клечовце.

Јавното отворање на понудите е закажано за 14 октомври годинава во просториите на општината со почеток во 9 часот.

Од секторот за образование Куманово потврдуваат дека има одредена количина и активен договор со снабдувачи од лани.

– Овие училишта претежно лоцирани во руралните средини и приградските населби имаат резерва на дрва за почеток на грејната сезона. Со новиот тендер се очекува да се обезбедат дополнителни количини, изјавија од секторот за образование.

Инаку, во Куманово најголем од училишните објекти во урбаното подрачје 21 објект се затоплуваат на гас и на нафта, а приградските сè уште се затоплуваат на дрва.

Radio Bum

September 15th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *