Вести
Во Куманово има интерес за трета и четврта доза вакцина против Ковид 19
Повозрасни кумановци, болни од хронични заболувања се вакцинираат со трета и четврта доза во пунктот во „Тоде Мендол“ од Куманово, соопштија денеска надлежните од Здравствен дом Куманово.
Како што наведуваат од пунктот има интерес за вакцинација со четврта доза против Ковид 19 и досега дадени се околу 300 дози вакцини. И младите кои патуваат во некои држави се вакцинираат со трета доза.
-Најчесто се оние лица со хронични заболувања, лица над 60 години. Претежно младите се заинтересирани заради документите во странство и тие се вакцинираат, бидејќи некои држави им бараат минимум шест месеци претходно да се вакцинирани да можат да влезат во државата, изјави доктор, Зорица Владимировска Илиевска, од Здравствен дом Куманово.
Помеѓу две вакцини треба да поминат најмалку четири месеци. Вакцината појаснува докторката Владимировска Илиевска, не штити од разболување, но штити од компликациите коишто ги предизвикува вирусот кои е посериозни кај лицата со хронични заболувања, оние со зголемена телесна тежина, бремени жени, лицата со намален имунитет.
Од почетокот на вакцинација во Куманово со вакцини против Ковид 19 дадени се над 113.000 дози.








