Вести

За време на викендот  234 возачи биле казнети во Куманово

За време на викендот 234 возачи биле казнети во Куманово

Во текот на изминатиот викенд како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 234 возачи.

За управување на возило со поголема брзина од дозволената биле казнети 182 , 17 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 17 за управување возило без возачка дозвола и 18 останати видови прекршоци.

Од СВР Куманово информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Куманово.

Radio Bum

September 12th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *