Вести

Сончево време со температура до 28 степени

Сончево време со температура до 28 степени

Во утринските часови времето ќе биде променливо облачно, во текот на претпладнето со умерена облачност.

Попладне облачноста ќе се намали и ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Според информациите на УХМР, во Куманово претпладне со умерена облачност, а попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 25 степени.

Во текот на работната седмица ќе се задржи стабилно време со постудени утра, до вторник и со пониска дневна температура. Од среда дневната температура повторно ќе се зголеми, позначително во четврток и петок, кога ќе биде натпросечно топло.

Radio Bum

September 12th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *