Вести

Со бекатон се уредуваат краците од улица 420 во населба Иго Тричковиќ

Со бекатон се уредуваат краците од улица 420 во населба Иго Тричковиќ

Почна поставување на бекатон на улици во кумановската населба „Иго Тричковиќ“, соопштија надлежните.

Претходно, од одделението за комунални дејности информираа дека ќе се реконструираат краците „1“, „4“ и „5“ во населбата Иго Тричковиќ. За санација на кракот „1“ одбрана е компанијата „РМК градба“ од Студеничани и од општинскиот буџет наменети се 504.850 денари. За санација на останатите два крака во населбата Иго Тричковиќ, општината одвои 706.643 денари.

Од одделението за комунални дејности очекуваат значително да се подобрат условите за движење на пешаците во населбата.

Во оваа населба почна изградбата на фекален колектор и канализациска мрежа. Општина Куманово претходно по објавена јавна набавка склучи договор со избрана компанија за изведување на градежни активности, изградба на фекална канализација на главен колектор и краци 1-11 на улици во населбата, за што од општинскиот буџет ќе се одвојат 18.795.602, 81 денар со вклучен данок на додадена вредност.

Radio Bum

September 9th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *