Вести

Владата да помогне на јавните претпријатија во Куманово

Владата да помогне на јавните претпријатија во Куманово

По примерот на Струмица и Берово да се отпише стариот долг на ЈП Водовод Куманово кон АД.Водостопанство во висина од 151 милион денари, побара претседателката на советот на Општина Куманово по заклучокот кој беше едногласно изгласан од сите советници на последната седница на советот.

Jавните претпријатија во Куманово се наоѓаат во тешка економска криза. Долговите се зголемуваат, а средства за новите високи сметки за електрична енергија нема доволно. Директорот на Водовод Куманово, Оливер Стојмановски вели дека за месец август сметката за потрошена електрична енергија ќе биде 12 милиони денари, а за септември 15 милиони денари.

-Ако земеме во предвид дека за истиот период лани сметката изнесуваше околу 1.200.000 до 1.400.000 денари можете да замислите колкаво е зголемувањето. Инаку, ЈП „Водовод“ Куманово во рамките на своите можности плаќа одредена сума на електрична енергија, ако сме плаќале по еден милион и двеста сега плаќаме по два ипол – три милиони што е големо зголемување затоа што работиме под блокада со години. Водоснабдувањето во градот и пречистителната станица моментално работат редовно, без никакви застои или проблеми. Овој проблем е воопшто во целата држава, сите претпријатија се соочуваат со криза, некои претпреријатија веќе доаѓаат во проблем со исплата на плати, а прва мерка што се најавува е исклучување на пречистителните станици што ќе доведе до еколошка катастрофа. Бараме помош од Владата, она што го предложивме ние е да бидеме третирани како домаќинста од втора категорија со цена некаде околу 5.2 или 5.3 денари по киловат час, тоа е она што можеме да го поднесеме и е поголема цената на киловат час од пред кризата. Има иницијатива за зголемување на цената на водата, но тоа не зависи од нас, туку од регулаторот бидејќи тој ја уредува цената, ја донесува. Значи на наше доставено барање, регулаторот ќе треба да ја дефинира цената, изјави Стојмановски.

По примерот на општините Струмица и Берово , претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска поднесе барање до Владата за отпис на долг на ЈП „Водовод“. Ѓорѓиевска бара Владата да донесе Одлука за обезбедување на финансиски средства на АД Водостопанство на Македонија во државна сопственост за отпишување на долгот во износ од 151 милион денари на ЈП „Водовод“.
„На тој начин би се помогнало да се надмине тешката финансиска сосотјба во која се најде водовод последните месеци поради енормното зголемување на цената за потрошена електрична енергија“, смета претседателката на Советот.

– Едногласно, советниците од сите политички партии во Советот изгласан е заклучок со кој бараме од Владата да обезбеди финансиски средства за отпишување на долгот на ЈП .Водовод, по примерот на донесената одлука на Влада од 21.12.2021 година кон ЈП. Комуналец од Струмица во износ од 84 милиони денари и долгот на ЈП. Услуги од Берово во износ од 6 милиони денари. Се надеваме дека како на овие две претпријатија ќе се помогне и на нашето, Куманово заслужува еднаков третман како и другите општини во државата затоа и очекуваме позитивна реакција од владата-, вели Ивана Ѓорѓиевска, претседателка во Советот на Општина Куманово.

Radio Bum

September 7th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *