Вести

Во средното училиште ,,Перо Наков” одржан транснационален состанок во рамките на проектот „Мисли глобално, делувај локално“

Во средното училиште ,,Перо Наков” одржан транснационален состанок во рамките на проектот „Мисли глобално, делувај локално“

Средното општинско училиштето „Перо Наков“ од Куманово како носител на проектот „Мисли глобално, делувај локално“ од програмата Еразмус плус, финансиран од страна на Национална агенција за образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија, беше организатор и домаќин на транснационален состанок на кој учествуваа две училишта од Хрватска и Турција и две организации од Италија и Кипар, учесници во проектот.

Како што информираат од училиштето, проектот е предвидено да заврши до крајот на 2022 година, а како финален производ ќе биде издавањето на Прирачник за настава по социјално претприемништво, кој што ги надополнува претходните два резултати од проектот, Водич за наставници и Наставен план за учење на социјално претприемништво.

– Содржината на прирачникот е поделена во 5 модули низ кои учениците ќе се стекнат со знаења и способности за социјалното претприемништво. Самите модули се составени од примери од секојдневниот живот, преку кои учениците ќе можат да се стекнат со практични знаења за социјалното претприемништво. На крајот од секој модул има прашања преку кои учениците ќе можат да си го проверат стекнатото знаење. Преку студии на случај коишто се составен дел од Прирачникот, учениците исто така ќе можат стекнатото знаење да го применат за решавање на конкретни проблеми од економската сфера. Низ програмата учениците ќе имаат можност да ги зголемат нивните организациски и менаџерски способности, способност за донесување одлуки, способност за поставување на цели и приоритети при решавање на проблеми, способност да работат тимски, да можат да промовираат човечко достоинство, слобода, еднаквост и солидарност, демократски принципи, во и надвор од училишниот живот, велат организаторите.

Како дел од активностите кои што се предвидени за реализација на проектот е организација на транснационален состанок, на кој домаќин беше средното општинско училиште ,, Перо Наков”.

– Состанокот се одржа на први септември, каде што на истиот присуствуваа координаторот од училиштето „Перо Наков“ и претставници на партнер училиштата, односно „Прва сушачка хрватска гимназија во Ријека“ од Република Хрватска, Националниот едукативен директорат во Тузла, Република Турција, Организацијата Годеск од Потенза, Италија, додека партнер организацијата Синтезис од Кипар присуствуваше на состанокот онлајн.
За време на состанокот партнерите дискутираа за реализацијата на проектот, се договараа за подготовките за финалниот извештај како и за претстојниот мултипликативен настан кој што е предвидено да се одржи во Република Северна Македонија. Партнерите имаа можност да ги претстават различните начини на дисеминација кои што ги имплементирале во рамките на нивните училишта т.е. организации.

Radio Bum

September 3rd, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *