Вести

Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локално невреме, пад на температурите за седум степени

Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локално невреме, пад на температурите за седум степени

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, свежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. УВ индексот ќе изнесува 5.

Дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени. Утринските температури се движат во интервалот меѓу 13 и 20 степени, додека дневната температура ќе опадне и ќе се движи во интервал од 21 до 28 Целзиусови степени.

Утринската темепратура се движи до 19 а максималната дневна ќе достигне до 25 Целзиусови степени.

Radio Bum

September 2nd, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *