Вести
Премиера на комедијата „КОВАЧИ“ во сабота во Центар за култура Куманово, билетите пуштени во продажба
Актерска екипа на кумановскиот театар Антонио Димитриевски, Кети Дончевска – Илиќ, Горан Илиќ, Нина Максимова, Жарко Јовановиќ, Давид Илиќ и Марко Трајковиќ ја подготвија урнебесната комедија ,,Ковачи,, по текст на Алек Попов, а во режија на Деан Дамјановски.
– Денес сме сведоци на еден „култ“ кон среќата. Како постојано да ја бараме во секојдневните задоволства – храната, спортот, сексот, религијата, новите философии.
Постојат цели индустрии кои ни продават „среќа“ – од „селф хелп“ индустријата, преку козметичката, до филмската. Ве очекуваме на новата премиера, порачуваат актерите за комедија која ќе ве насмее.. Во сабота на 3 септември во 20:00 часот во Центар за култура Куманово.
Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетара во Центар за култура Куманово.








