Вести
Од среда започнува со работа отворениот градски базен во Куманово
Од среда 22 јуни започнува со работа отворениот градски базен, информираат надлежните.
Според известувањето на јавното претпријатие ,, Чистота и зеленило” отворениот базен посетителите ќе можат да го користат од 10 до 18 часот од понеделник до недела.
– За безбедноста на капачите ке се грижат лиценцирани спасители и медицински персонал. За сите посетители ке има освежителни пијалоци . Повелете да уживаме во летото, и да се дружиме сите заедно- информираат од Чистота и зеленило.