Вести

Спасовски- СДСМ Куманово е единствено и силно

Спасовски- СДСМ Куманово е единствено и силно

-СДСМ Куманово е единствено и силно, рече вечерва во Куманово Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и член на централен одбор на СДСМ на првата трибина која ја организираше новото раководство на СДСМ во Куманово.

,,Вечерва, со посебно задоволство во мое Куманово учествував на трибина заедно со моите сограѓани, другарки и другари, социјалдемократи, со цел презентирање на активностите на ОО СДСМ Куманово во изминатиот период.

Ова е прва трибина на новото раководство на СДСМ Куманово предводено од претседателот Тушевски и со задоволство можам да кажам дека сето мое 28 годишно искуство во социјалдемократијата го ставам како поддршка за нови победи.Единството се губи на идеологија, а ние немаме идеолошка поделба.

Единството е цврсто и подготвено за нови победи. Не се губи единство на лични интереси, туку на идеологија а ние немаме идеолошка поделба, а оние кои се борат за лични интереси не победуваат.

Затоа, оттука сите заедно праќаме силна порака дека нашата идеја е уште посилна сега со аргументи за остварени резултати, на што треба сите кумановци да бидат горди. Со крената глава сме и храбро кажуваме дека направивме многу како власт за граѓаните и државата и затоа сме непобитни.
Нам не ни ги конфискуваат имотите и раководството не е во затвор!

Ние зборуваме за реализирани проекти, за милиони вложени во кумановскиот регион како Влада. Секогаш кога СДСМ е на власт се случуваат одлуки во интерес на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција става нож во грб на државата во клучни моменти, мислејќи само на сопствените политички цели.

За нас граѓаните се пред се!

Треба да се потсетиме секогаш што ни се случуваше за време на режимот, а сега се гледа и тука во Куманово што значи да владее режим.

Како Влада вложивме 121 милион евра во инфраструктура за Куманово. Кој друг донел такви пари за Куманово?
Сите регионални патишта се реконструирани после 50 години.
Реконструирани водоводни мрежи, реконструкција на сите училишта, нова градинка, нови училишни спортски сали, реконструиран СВР Куманово.

ВМРО-ДПМНЕ за 12 години изгради само 7 км патишта.

Да бидеме горди на нашите институции, на менаџментот на Општа болница Куманово, на Центар за Култура Трајко Прокопиев, на РСДУ Киро Бурназ, за создавањето функционални институции.
Како Влада ги остваруваме стратешките интереси, најдобрата одлука е членството во НАТО, а сега сме пред почеток на преговори со ЕУ нешто за кое немаме алтернатива, а на тоа треба да бидете сите горди коишто бевте дел од овие процеси.
И знајте дека достоинството на државата и народот е пред се’ и за македонскиот јазик и македонската држава никогаш нема да се преговара, рече Спасовски.

– 2020 беше кризна и изборна година, без активен парламент и во вонредна состојба, а носевме важни и тешки одлуки и покажавме дека граѓаните не се сами и ја имаат нашата поддршка со низа мерки за подобрување на животен стандард.

Со иста посветеност настапува и оваа Влада, да направиме се да помогнеме на сите и така и ќе продолжиме.

Од аспект на МВР, секој може да ја прочита монографијата „МВР за граѓаните 2017-2021” како можност за проверка на резултaтите за коишто говорам – 75 реконструирани објекти низ државата, три нови објекти со 30 милиони евра влог.

Успесите не може да ги негира никој!
Мотивирани продолжуваме со проектите и успесите за Куманово и кумановци, рече Спасовски на трибината на СДСМ во Куманово.

Radio Bum

June 9th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *