Вести

Ученици од Браќа Миладиновци преку проект на Еразмус ќе го запознаат образовниот систем во Истанбул

Ученици од Браќа Миладиновци преку проект на Еразмус ќе го запознаат образовниот систем во Истанбул

Група ученици и професори од oсновното училиште „Браќа Миладиновци“ заедно со врсници и професори од повеќе европски држави преку проектот на Еразмус „Секој има приказна“ престојуваат во училиште во Истанбул, Турција. Во проектот учествуват пет основни училишта од Романија, Унгарија, Италија и Турција кои заедно со кумановските ученици се вклучени во сите активности организирани од училиштето домаќин.

– Сите активности се реализираат во училиштето домаќин од Истанбул, каде преку посета на часови, презентации, и претстави, тимовите се запознаат одблизу со образовниот систем. Учениците и професорите разменуваат искуства, а наскоро предвидено и состанок со претставници од бирото за образование во Турција, изјавија професорките Ана Гиевска и Ана Спировска Петровска.

Основната цел на Еразмус проектот е да се поттикне читањето од најрана возраст, да се дискутира за бенефитите од редовно читање како што се – збогатување на речникот, намалување на стресот, подобрување на меморијата, стекнување на нови знаења.

– Учениците се запознаваат со културните, историските споменици и убавини на Истанбул. Токму спојот на убавото и корисното е цел на Еразмус+ програмата, која преку своите проекти нуди можност учениците да учат, да се надоградуваат и да стекнуваат искуства преку патувања и интеркултурални средби, кажаа професорките Гиевска и Спировска Петровска.

Учениците дискутираат и соработуваат со свои врсници од тимовите на земјите партнери. Учествуваат во читања, претстави и игри.

Radio Bum

March 31st, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *