Вести
Кумановец уапсен во полициска акција во штипско, запленета дрога во вредност од половина милион
Во полициска акција во штипско, вечерва е запленета дрога во вредност од половина милион евра.
Од полицијата ја потврдуваат информацијата, а по завршувањето на акцијата која сè уште трае ќе излезат со повеќе информации.
– Во акција на МВР на територијата на Штип вечерва падна организирана група и уапсени се повеќе лица. Помеѓу уапсените е и кумановец, а има и странски државјани.








