Вести

Петрушевски: Бараме фиксно намалување за 50 отсто на акцизата за горивата

Петрушевски: Бараме фиксно намалување за 50 отсто на акцизата за горивата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се стави на седница законот за намалување на акцизите на енергентите кој што го поднесовме по итна постапка, изјави на денешната прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Бараме фиксно намалување за 50% на акцизата за дизел горивата и бензинот.

Се соочуваме со повторно зголемување на цените на дизел горивото и сега се гледа дека моделот на Владата за намалување на акцизата нема никаков ефект.

Денес бензиските пумпи нафтата ја земаат за 83 денари, а ја продаваат за 81 денар, што значи дека работат со загуби, но исто така ова зголемување дополнително ги оптоварува и граѓаните“, посочи претставникот на опозициската партија.

Според Петрушевски, со законот за фиксно намалување на акцизата за 50% ќе му се помогне на стопанството, а со самото тоа и на граѓаните. Дополнително, пониска акциза значи помош за транспортниот сектор, а со тоа и превенирање од повисоки цени на производите во маркетите, такси превозот, меѓуградскиот превоз и други области кои се поврзани со транспортни трошоци.

Radio Bum

March 24th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *