Вести
Црна хроника – Сопственик на деловен објект нападнат од три лица
На 08.03.2022 година во 17:30 часот во СВР Куманово О.М. (46) од Куманово пријавил дека во неговиот деловен објект на улицата „Доне Божинов“ бил физички нападнат од три лица со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според извештајот на Секторот за внатрешни работи Куманово приведен е крадец, а пронајдено е и едно починато лице во Лојане.
На 08.03.2022 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.М.(42) од Куманово. Тој се сомничи дека влегол во куќа на улица „Пионерска“ во Куманово и одзел различни предмети. П.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 08.03.2022 година во 06.00 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во дворно место на верски објект во село Лојане било пронајдено починато лице-мигрант. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово утврдено е дека станува збор за Б.К.(41) од Република Конго, а по насока на Јавен обвинител телото е предадено за погреб.
На (08/09.03.2022) на подрачјето на СВР Куманово, во периодот од 18.00 до 02.00 часот, спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 6 возачи, од кои 5 на подрачјето на Куманово и 1 во Кратово.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, е наведено во извештајот од СВР Куманово.








