Вести
Се зголемува бројот на измамени граѓани при купување на огревно дрво во Куманово
Измамници со добро разработена шема се упатуваат главно во домот кај повозрасни лица со понуда за продажба на огревно дрво по пониска пазарна цена.
Измамниците ги доведуваат во заблуда граѓаните со тоа што ги носат до складиште каде има дрва, ги оставаат лицата таму да го чекаат камионот кој наводно треба да ги натовари дрвата, а тие за тоа време се враќаат во домот на измамените граѓани и бараат пари под изговор дека камионот со дрва доаѓа кај нив.
Од почетокот на годината 8 лица се измамени на ист начин, а во текот на 2021 година во Куманово биле измамени 26 лица.
Од полицијата апелираат до граѓаните да бидат претпазливи ако непознати лица им нудат на продажба огревно дрво по пониски цени и да ги пријават во полицијата, изјави Ивана Младеновска портпарол на СВР Куманово.
Досега од секторот за внатрешни работи Куманово не се откриени измамниците, но велат дека работат на случајот.








