Вести

Припадници на Еврејска верска заедница се доселиле во Куманово, граѓаните вознемирени и не ги сакаат во градот

Припадници на Еврејска верска заедница се доселиле во Куманово, граѓаните вознемирени и не ги сакаат во градот

Припадници на Еврејска верска заедница во четвртокот навечер се доселиле во Куманово, имаат изнајмено неколку куќи во населбата Зелен рид, а граѓаните на Куманово јавно зборуваат и не ги сакаат новите жители на Куманово.
-Бараме од надлежните веднаш да ги иселат од тука, не ги сакаме во нашата близина, се плашиме за нашата безбедност и за безбедноста на нашите деца, реагираат кумановци, а нивниот револт јавно го објавуваат и на социјалните мрежи.

– Секторот за внатрешни работи Куманово, излезе со соопштение и ја информира јавноста дека групата лица забележана во Куманово претставува група припадници на Еврејската верска заедница. Овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Во групата има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, тие имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Република Северна Македонија, информираат од СВР Куманово.
Според информациите со кои располага МВР, групата е во постојано движење и во наредните денови се очекува да ја напуштат нашата држава.

Бројката за лицата кои се сместени во населбата Зелен рид , неофицијално е околу 30 лица, а во недостиг на информации голема е веројатноста дека групата во Куманово е истата група која пред неколку дена ја напуштила и Босна и според босанските медиуми се упатиле во Бугарија.

Според информациите на соседите, странците во Куманово дошле во четвртокот во вечерните часови.

,, Чудни се, со чудна облека и шамии и капи и многу деца , донесоа само вреќи. Излегуваат слободно во градот и досега немаме проблеми со новите соседи, но не се чувствуваме пријатно. По се онаа што се случи во минатото во Куманово не сме расположени за непознати гости, реагираат соседите и велат дека ќе поднесат петиција до надлежните служби да ги иселат странските државјани од Куманово.

Доцна синоќа младите во Куманово во поголем број отишле во изнајмените куќи и оствариле директен контакт со странците, а средбата ја снимиле и објавиле на социјалните медиуми. Немало инциденти информираат од полицијата, но денеска ролетните на прозорците беа спуштени во текот на целиот ден, а новите жители на Куманово не се појавија во јавноста и не ги отклучија вратите.

– СВР Куманово ги информира граѓаните на Куманово дека наведената група не претставува никаква опасност и апелира на толеранција и солидарност кон истите, се додава во соопштението.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски вели дека за случајот е запознаен од социјалните медиуми, но додава дека секој кој е дојден со добри намери ќе добие гостопримство од кумановци.

– Според мене како градоначалник, ние како кумановци секогаш сме подготвени, гостопримлив народ и даваме гостопримство на секој оној којшто доаѓа во нашиот град со добри намери. Но повторно ќе кажам ќе оставам на официјалните институции да излезат со свое видување и став, основ за престој и поради кои причини лицата се тука – рече Димитриевски.

Иако засега нема потврда дека станува збор за „Лев Тахор“, сепак сите досегашни информации одат кон овој еврејски екстремистички култ кој, според сведоштвата на поранешните членови, ги учи децата да не им веруваат на луѓето и дека социјалните служби сакаат да ги одземат еврејските деца за да ги воспитаат како „неверници“.

Босанските медиуми кои ја истражуваа „Лев Тахор“ велат дека сектата е основана во 1980-тите и нејзината примарна цел била да го практикува јудаизмот како пред 5.000 години. Инаку, шефот Хелбранс и неговата десна рака Мајер Роснер се обвинети дека се обиделе да принудат малолетна девојка да се омажи за деветнаесетгодишник, а целта била да имаат дете.

Медиумите ги објавија признанијата на девојчињата кои рекоа дека се родени дома, за да не им се откриваат годините.

Живеат номадски од држава во држава. Босанските медиуми повикувајќи се на експерти од областа на верските заедници, велат дека оваа група не е опасна за локалното население, но се честа цел на посети од социјалните работници поради екстремните начини на казнување на децата, ускратување на храна, заклучување во подруми, терање на долги молитви.

Radio Bum

February 13th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *