Вести
На Табановце запленети два килограми хероин во амбалажа од прехрамбени продукти
На 02.02.2022 во 19.00 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишиле од слобода Ј.Ф.(31) од с.Никиштани, скопско и А.Б.(18) од Република Хрватска, со што е пресечен меѓународен транспорт на хероин наменет за Р.Хрватска.
При контрола на автобус на туристичка агенција од Скопје, полициските службеници во координација со мобилен тим од Царинската управа, во багажот пронашле и одзеле околу два килограми хероин, со кој била исполнета амбалажа на разновидни прехранбени продукти.
По преземени дополнителни мерки и оперативни проверки утврдено е дека македонскиот државјанин Ј.Ф. е сторител на кривичното дело по член 215 од Кривичниот законик и против него денеска СВР Куманово до надлежното ОЈО Куманово ќе поднесе кривична пријава.








