Вести

Честитки по повод националниот ден на Србите во Македонија од претседателот на Србија, АлександарВучиќ

Честитки по повод националниот ден на Србите во Македонија од претседателот на Србија, АлександарВучиќ

На свечена Светосавската академија одржана во Куманово, а во организација на српската заедница во Македонија, амбасадорката на република Србија во Македонија, Невена Јовановиќ на сите граѓани од српска националност им го честиташе националниот ден на Србите и празникот свети Сава, пренесувајќи им ги честитките од претседателот на република Србија Александар Вучиќ.

– Во име на претседателот на република Србија Александар Вучиќ, ви ги пренесувам поздравите и честитките по повод свети Сава, национален ден на Србите во република Северна Македонија. Оваа е моето прво обраќање во Куманово по моето назначување за амбасадорка на република Србија во Македонија. Денеска република Србија на чело со претседателот на република Србија Александар Вучиќ и српската влада се труди да води политика на мир и добрососедски односи за поубава иднина по принципот да го чуваме нашето, а да го почитуваме туѓото, рече амбасадорката Јовановиќ.
Република Србија на систематичен и посветен начин се грижи за Србите во регионот и дијаспората, а тоа е добра мотивација да продолжиме по ист пат. Јас ви се заблагодарувам што го чувате српскиот идентитет, јазикот и писмото, нека е честит празникот свети Сава на сите Срби во Куманово и Македонија, рече амбасадорката Јовановиќ на светосавската академија во Куманово.

Radio Bum

January 27th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *