Вести
Александра Боризовска во грчки ПАОК, Бисера Паскал во Тенерифе
Кумановските ракометарки Александра Боризовска и Бисера Паскал ја продолжуваат ракометната кариера во странски клубови. Боризовска ќе игра во клубот ПАОК од Грција и оваа ќе и биде втор предизвик во странски клуб.
Од ЖРК Куманово објавија и дека Бисера Паскал потпиша договор со шпанскиот прволигаш Тенерифе. И за Паскал оваа е втор предизвик во странски клуб.
Боризовска, беше капитен на ЖРК Куманово, а Паскал, голман. Ракометарките заедно со останатите ракометарки од Куманово, минатата сезона го освоија домашното првенство и Купот на Македонија. Боризовска настапува и за женската репрезентација на Македонија.