Вести

Наставниците да не одат во училиштата да се заштедат средства за електрична енергија

Наставниците да не одат во училиштата да се заштедат средства за електрична енергија

Министерството за образование и наука испрати допис до училиштата во наредните денови, кога учениците се на распуст, да не се оди на работа, со цел да се заштеди енергија.

Во дописот до директорите на училиштата се вели да не се организираат работни активности за наставниците, стручните соработници и административно – техничкиот кадар, освен за техничкиот кадар којшто е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштата во периодот од 20 до 26 јануари, кога се користи зимскиот одмор за ученицитe.

„Оваа препорака се дава со цел да се намалат трошоците за енергија и за електрична енергија во училишните објекти“, се вели во дописот од МОН.

Инаку, со одлука на Владата зимскиот распуст за учениците е продолжен до крајот на јануари поради пикот на заразата со ковид-19 во Македонија.

Radio Bum

January 20th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *