Вести

Времено затворен градскиот базен во Куманово

Времено затворен градскиот базен во Куманово



Од денеска, времено е затворен градскиот базен во Куманово, причината е енергетската криза. Надлежните велат дека се одлучиле на ваков чекор поради енормното зголемување на цените на електричната енергија и природниот гас, кои не може да ги поднесе буџетот на претпријатието.

-Операторот кој нè снабдуваше со електрична енергија ни го раскина договорот и сега се снабдуваме со електрична енергија од ЕВН, која ја утврдува цената според пазарната вредност во тековниот ден и таа е за 3-4 пати повисока.
Ако јавното претпријатие во истиот период лани за работата на базенот плаќало за природен гас од 500 до 600 илјади денари, сега треба да плати од 1,2 до 1,4 милиони денари. Струја плаќавме по 300 илјади денари, а сега треба да плаќаме од 1,3 до 1,5 милиони денари. Или собрано заедно, трошоците за струја и за гас за еден месец ќе достигнат 50 илјади евра. Тоа е за нас прескапо и ќе го блокира работење во претпријатието. Затоа менаџерскиот тим одлучи додека трае економската криза базенот да не работи“, изјави Даниел Стојчевски директор на ЈП. Чистота и зеленило кое стопанисува со градскиот базен.

Нема информација до кога ќе биде затворен овој рекреативен објект за кумановци, но според најавата на директорот до месец април сигурно нема да работи.

Помош оваа јавно претпријатие побарало од владата, доколку добијат помош базенот ќе биде отворен, информираше Стојчевски.

Договор за користење на базенот, јавното претпријатие има потпишано со пет пливачки клуба, а го користат над 300 спортисти.

-Многу ми е жал за ваквата ситуација и затворање на најновиот спортски објект, затворен градски базен кој единствено е наменет за сите граѓани кои имаат огромна потреба од него за: одржување и подобрување на своето здравје пред сè деформитети, лошо држење на телото, подобрување на белодробно-срцеви капацитети, за инклузивно пливање со лицата со попреченост и нивните членови на семејството, за рекреативно и спортско пливање. Ќе биде шок за сите клубови, тренери 25, спортисти 300, рекреативци 200 и нивните семејства, особено за оние кои го користат редовно и континуирано повеќе години и се навикнати на пливањето, вели Југослав Спасиќ, претседател на здружение на спортски педагози во Куманово.




-Пливањето е спорт кој бара континуирани тренинзи, а општинскиот сојуз на спортови во Куманово, на кој сум член на управен одбор, сега треба да ги помогне пливачките клубовите со одредена сума или да им набави на клубовите справи за вежбање на движењата од пливањето. За клубовите кои работат инклузивно пливање со деца со попреченост општината да ги покрие трошоците за влезници на тренерите, дечињата и нивните родители во овие три месеци за користење на приватни базени. Ова се предлози со кои би се одржал тренажниот процес со пливачите, како и квалитет на тренингот и би се задржал интересот на пливачите, а клубовите ќе опстојат и повторно ќе се вратат во базенот со минимални последици-вели Спасиќ.

Надлежните велат дека сега ситуацијата со затворањето на базенот ќе ја искористат за сервисирање на постоечката опрема и одредени градежни работи.

Radio Bum

January 18th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *