Вести

За извршување на тешки дела против безбедноста полицијата приведе 29 годишен кумановец

За извршување на тешки дела против безбедноста полицијата приведе 29 годишен кумановец

Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека извршил тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите на полицијата, вчера околу 18: 30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода Н.С. (29 години) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, стои во извештајот на полицијата.

Како што појаснуваат оттаму, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Лицето Н.С. се сомничи дека ја предизвикал сообраќајната несреќа во која загина 26 годишно момче од Куманово.
Несреќата се случи на 13.01.2022 година околу 02:36 часот на улицата „Тоде Думба“ во Куманово, кога патничко возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, во кое се превезувале П.П. (26) и Н.С. (29), двајцата од Куманово, удрило во ограда и во паркирано возило, информираа од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат оттаму, на местото на несреќата починал дваесет и шестгодишниот П.П., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Н.С. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.

Radio Bum

January 18th, 2022

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *