Вести
Владата одлучи, распустот продолжува
Стартот на второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари.
Оваа одлука ја донесе владата на денешната втора седница, а во интерес на заштита на здравјето, согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.
Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови, информираат од Владата.








