Вести
Поради енергетската криза од утре се затвора градскиот базен
Од утре се затвораат вратите на затворениот базен во Куманово. Нема да работи информираат од јавното претпријатие Чистота и зеленило. Нема одговор до кога, но според информациите од општина Куманово, затворениот базен нема да работи се до надминување на кризата.
Во образложението е наведено дека новонастанатата енергетска криза во државата со рапидно поскапување на електричната енергија кон правните субјекти и тоа до 10 пати за електрична енергија и 4 пати за природен гас, не става во ситуација како ЈП да генерираме енормни загуби во секојдневното работење на овој спортски комплекс и истиот сме приморани да го ставиме вон употреба во овојзимски период. Паузата во работењето ќе се искористи за сервисирање на постоечката опрема и дополнително санирање на одредени градежни работи.








